Има многу причини зошто некој би ја вежбал работата на мозокот. Можеби сакате подобри резултати на испитите или сакате подобро да работите. Некој можеби има проблеми со помнењето, па сака да го елиминира тој проблем. Велат дека апликациите може да помогнат во ова. Постојат некои специјално создадени за тоа.
„Lumosity“
За вежбање на помнењето и вниманието. Апликацијата ја користат 70 милиони луѓе ширум светот.
„CogniFit Brain Fitness“
Подобрување на когнитивните способности, како помнењето и концентрацијата, со забавни и зависни игри направени од невронаучниците.
„Personal Zen“
Играта е направена од д-р Денис и истражувачите од колеџот „Хантер“ и Градскиот универзитет во Њујорк. Таа ја намалува анксиозноста кај личноста со тренирање на мозокот да се фокусира повеќе на позитивното во животот.
„Brain Trainer Special“
Со оваа апликација треба да помните букви и броеви, да решавате математички проблеми итн. за да го зачувате мозокот во одлична форма.
„Brain Fitness Pro“
Апликацијата има цел да ги подобри способностите за фокусирање, помнење и решавање на проблеми.
„Happify“
Сакате да го тренирате мозокот да биде посреќен? Истражувачите велат дека тоа е возможно. Имено, некои активности помагаат во развивањето на способноста за надминување на негативните мисли, соочувањето со стресот и сочувствувањето за да се живее поисполнет и посреќен живот.
„Positive Activity Jackpot“
Апликацијата била направена за војниците кои се враќале од војна. Таа е за соочување со стресот. Сега ја користат и други корисници кои имаат проблеми со депресија.
„Fit Brains Trainer“
Овде може да најдете повеќе од 360 уникатни игри и загатки наменети за подобрување на менталните вештини.
„Eidetic“
Апликацијата ветува дека ќе ви помогне да запомните се', од важни телефонски броеви до интересни зборови и факти. Редовно добивате известувања за вежбање и тестирање.
„ReliefLink“
Апликацијата била направена за спречување на самоубиство, но може да се користи како алатка за подобрување на расположението, како што многумина го прават.