Никогаш ѝ нема крај на работата, но на факултетот му има. Сè што треба да направите е да издржите докрај. Како?
Студирајте за знаење и искуство, а не за дипломата. Дури и да сакате да работите нешто друго, обидете се да научите повеќе.
Внимавање на предавање = помалку време на домашна работа = повеќе забава.
Секоја активност на предавањата може да направи промена. Професорите секогаш ги помнат најактивните.
Учете, но не затворајте се во собата за учење. Поделете го времето на периоди за учење и периоди за одмор.
Учењето не е единствената работа што може да се прави на факултет. Овие четири години се единствените кога може да пронајдете време за други групни активности.
Не чекајте да бидете апсолвент за да волонтирате или да одите на пракса. Летото е совршен период за стекнување работно искуство.
Доколку не одите пракса, посветете се на вашето хоби.
Студирајте или одете на тренинг во странство. Секогаш ќе ви биде мило што сте ја направиле оваа одлука.
Доколку имате проблеми со ефикасноста, преземете апликации кои ќе ви помогнат да бидете организирани (Evernote, Wunderlist).
Искористете ги студентските поволности. Посетете ги читалницата и библиотеката или патувајте бесплатно со воз.
Купувајте користени учебници и продајте ги тие што не ви се потребни.
Барајте стипендии и пријавувајте се. Никогаш не знаете дали токму вие ќе ја добиете шансата.
Не грижете се за љубовните врски. Факултетот е место за многу повеќе од тоа.
Побарајте помош од постарите колеги. Тие најдобро знаат како да ви помогнат.
Факултетот ќе заврши побрзо отколку што очекувате - уживајте во него!