X
 13.05.2020 Живот

Совети од Ворен Бафет за успех: Не фокусирајте се на врвот од планината, туку на првиот дел од качувањето

Дали некогаш толку сте се плашеле од нешто што сте се чувствувале парализирани? За жал, стравот од неуспех е нешто што го искусиле многумина, меѓу кои и милијардерот Ворен Бафет.

Тој некогаш се плашел да зборува пред јавност, но по одредено време го надминал овој страв, а сега ги советува сите да го следат неговиот пример, односно да се соочат со стравовите. Стравот од неуспех може да доведе до намалување на самодовербата, а со тоа лицето може да изгледа како неподготвено или неинтелигентно.


Фото: Wikipedia

Стравот ги спречува луѓето да преземаат ризици. Бафет научил да не му дозволи на стравот да го води, а  ги советува новите лидери како да не ги направат грешките што ги направил тој.

- Ќе правите грешки во животот, не постои сомнеж за тоа. Не сакате да ги направите за големи одлуки, како во одбирањето на партнерот и слично. Значи не постојат шанси да направам многу бизнис-одлуки без да направам некои грешки. Може да се обидам да ги доведам до минимум. Не размислувам за нив. Не гледам назад - изјавил Бафет.

Добрата страна на грешките и малите неуспеси е во тоа што тие даваат перспектива со која се соочуваме со најголемите стравови. Може да гледаме на грешките како на апокалиптично сценарио или како на незаменливо искуство од кое нешто може да се научи. Советот на Бафет за соочување со стравовите е многу храбар. Доколку не сте подготвени да го направите тој чекор, следните стратегии може да ви помогнат да го намалите стравот од неуспех.

Оценете ги сите можни сценарија

Многумина имаат страв од неуспех бидејќи се плашат од непознатото. Отстранете го тој страв со тоа што ќе ги земете предвид сите потенцијални сценарија што би биле резултат од вашата одлука.

Размислувајте позитивно

Позитивното размислување е моќен начин да ја зголемите самодовербата и да престанете сами да се саботирате.


Фото: Pixabay

Повторно проценете го најлошото сценарио

Во човечката природа е негативно да гледа на најлошото сценарио, но дали тоа е така? Најлошото сценарио не мора да биде толку лошо во зависност од перспективата од која гледате на него.

Поставете помали цели

Самодовербата се гради чекор по чекор. Со помали цели ќе продолжите да напредувате и ќе ги одбегнете големите ризици. Со други зборови, не фокусирајте се на врвот од планината, туку на првиот дел од качувањето.

Извор: inc.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот