X
 07.06.2022 Наука

Дали се учи подобро на празен стомак? Еве што вели науката

Повеќе од една деценија се знае дека грелин, хормонот кој го зголемува апетитот, ја подобрува интелектуалната моќ, особено просторното учење, кај глодачите. Сега научници од институтот за психијатрија „Макс Планк“ го истражувале ефектот на луѓето.

Во природата, барањето и собирањето доволно храна не се со цел само да се добијат доволно енергија и хранливи материи, туку и да се осигури одбрана од непријателите. Многу хормони што го контролираат енергетскиот баланс во организмот интервенираат и во когнитивните процеси, а ова се однесува и на грелинот.

Досега малку се знаело за начинот на кој грелинот влијае врз когнитивните перформанси кај луѓето, а истражувачите сега ги анализирале ефектите на грелинот врз просторното учење и други ментални вежби кај луѓето.


Фото: Freepik

Во експериментите, учесниците „шетале“ преку виртуелни препреки во компјутерска игра додека се снимала работата на нивниот мозок. При виртуелната прошетка, учесниците требало да помнат зборови кои се појавувале на екранот. На една група им бил даден хормонот грелин, а на друга плацебо.

Учесниците требало да ги наведат зборовите што ги запомниле следниот ден. Резултатите покажале дека воопшто немало разлика помеѓу ефектот на грелинот и плацебото.

Сепак, грелинот не е чудесен хормон кој може да го подобри нашето помнење, а ефикасноста на учењето не е поврзана со гладот. Во иднина истражувачите би можеле да го тестираат ефектот на хормонот на долг рок.

Извор: Studenti
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука