X
 07.07.2017 Технологија

Предвидувања на Бил Гејтс од пред две децении станаа реалност

Во 1999 Бил Гејтс напиша книга со наслов “Business @ the speed of thought”. Токму оваа книга ја предвиде иднината, односно она што денес го живееме.

Овде не станува збор за нејасни предвидувања за човештвото, туку за јасни претпоставки за иновациите, интернет-страниците и уредите.

1. Гејтс предвиде дека луѓето ќе носат „мали уреди“ со кои ќе можат постојано да комуницираат меѓу себе, како и да ги проверуваат вестите, времето на летовите и многу други работи. Веројатно ова ве потсети на паметните телефони.

2. Приватните интернет-страници ќе ви овозможат да разговарате со пријателите и семејството. Со други зборови, тој ги предвиде социјалните медиуми пред да постојат.

3. Ќе има услуги за автоматизирано споредување на цени, со што луѓето ќе можат брзо да ги споредуваат цените за цела индустрија. Уредите ќе знаат што сте купиле и кои реклами е пожелно да ги гледате зависно од вашиот вкус.

4. Бил Гејтс ги предвидел интернет-заедниците кога мислел дека истите ќе се формираат според интереси, а не според локацијата. Редит е добар пример за ова.

5. Милијардерот предвидува дека ќе постои систем кој ќе ги синхронизира сите уреди и дека овие уреди ќе ни помагаат за многу нешта.

6. Вработените ќе бидат во можност да се приклучат онлајн и да најдат точно кој им треба за да им помогне со проект. Ова денес постои во форма на софтвер за менаџирање проекти.

7. Гејтс предвидува и дека луѓето ќе можат онлајн да бараат работа. Секако, сега интернетот е најголем посредник меѓу барателите и работодавците. Има многу интернет-страници и за повеќето тоа е единствениот начин на кој се аплицира за работа.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија