Предвидувањата на познатиот научник Никола Тесла за 2035 година денес звучат како научна фантастика, но веќе се остваруваат пред нашите очи.
Предвидувањата на Никола Тесла за 2035 година денес делуваат како пророштво кое се остварува пред нашите очи. Додека светот сè побрзо оди кон непознатото, зборовите на овој научник стануваат наша по малку морничава реалност.
Уред преку кој ќе комуницираме
Далечната 1926 година, Никола Тесла во интервју за списанието „Колиерс“ кажал нешто што тогаш звучело како целосна заблуда.
Тој зборувал за мали уреди преку кои луѓето би разменувале слики и гласови, сосема јасно, дури и кога би биле оддалечени илјадници километри. Буквално тврдел дека човекот таков уред би го носел во џебот на својот елек.
Во време кога единствени средства за комуникација беа телеграфските водови и бакелитните телефони, таа идеја звучела незамисливо. Денес тој уред од џебот го нарекуваме паметен телефон.
Еколошка свест со децении пред своето време
Во 1935 година, Тесла предупредил дека идните генерации ќе го сметаат загадувањето на плажите околу Њујорк за незамисливо, исто како што нам денес ни изгледа незамислив животот без проточна вода.
35 години подоцна беше основана „Американската агенција за заштита на животната средина“ („ЕПА“). Предвидувањата на Тесла се остварија речиси во целост.
Роботи, автоматизација и крај на ропскиот труд
Во истото интервју од 1935 година, Тесла дал предвидување дека роботите ќе преземат многу работи во 21 век.
Вештачката интелигенција, автономните фабрики и хуманоидните роботи кои денес ги развиваат компаниите како „Тесла оптимус“ и „Фигур АИ“ го претвораат тоа предвидување во секојдневна реалност, а не повеќе во утописка визија.
Визиите на Тесла за иднината што би можеле да ве заинтригираат
• Безжичен пренос на енергија без кабли и гориво, што веќе го гледаме во прототипите на компаниите како „Емрод“ и „Витрисити“.
• Жените како интелектуално доминантен пол, што денес го потврдуваат и статистиките за бројот на дипломирани жени во Европа.
• Летечки машини без гориво кои ги поврзуваат народите и ги намалуваат војните.
• Пренос на настани во живо во домовите - од претседателски инаугурации до земјотреси кои денес ги следиме на екраните во реално време.
• Знаењето поважно од бојното поле, бидејќи борбата против незнаењето станува поценета од воените победи.
Читање на мислите како отворена книга
Можеби најинтересното предвидување на Тесла потекнува од 1933 година. Тој тврдел дека ќе биде можно да се прикажат слики од човечкиот ум на екраните и да се анализираат, правејќи ги мислите читливи.
Звучи како научна фантастика, но лабораториите на компаниите како „Неуралинк“ и „Мета“ веќе работат на декодирање на мозочните сигнали во реченици и движења на курсорот. Границата меѓу човечкиот ум и дигиталниот свет се брише побрзо отколку што многумина мислат.
Зошто визијата на Тесла за светот е актуелна и денес?
Никола Тесла не гледал во кристална топка. Тој ги набљудувал трендовите и од нив извлекувал логични заклучоци кои малкумина се осмелувале да ги изговорат.
Неговите предвидувања за периодот до 2035 година денес делуваат уверливо бидејќи не биле засновани на желби, туку на разбирање на физиката, технологијата и човечката природа. Токму затоа е по малку непријатно колку неговите зборови се совпаѓаат со насловите што секојдневно ги читаме на нашите телефони.
Извор:
n1info.hr
Фото:
Wikipedia