Извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс Екс“, Илон Маск, вели дека добил добри повратни информации од инженерите што тој ги испратил да помогнат во спасувањето на младите момчиња од Тајланд, заробени во пештерата.
Милијардерот испратил инженери за да им помогнат на момчињата.
Фото: Getty Images
-Добри вести од експертите за пештери во Тајланд. Заедно со нив го разгледуваме дизајнот за капсула за извлекување која би била доволно безбедна за да се обидеме со неа. Исто така, градиме цевка за надувување со воздушни џебови. Мала е веројатноста да функционира, со оглед на незгодните контури, но одлично доколку функционира - напиша тој на неговиот твитер-профил.
Компанијата на Маск, „Боринг“, која дизајнира тунели за транспортни системи прави напори за да му помогне на тимот.
-Ќе го дадам максимумот за да му помогнам на тимот.
Тимот ќе копа длабоко и ќе помогне најдобро што може - напиша тој.