X
 16.11.2015 Култура

Иднината е присутна во Дубаи


Иднината веќе е тука, но најмногу е присутна во Дубаи. Неделава, градот од Обединетите Арапски Емирати потпиша договор со производител на џетпек-летала со кој купува 20 такви летала за спасувачките единици. Зошто на спасувачите им се потребни тие? Како инаку би спасувале луѓе на највисоката зграда во светот?

Секој џетпек порачан од „Martin aircraft“ е лична машина за летање што може да се искачи повисоко од Бурж Калифа, највисоката зграда во светот.

До врвот на зградата, леталото може да стигне за приближно една минута, а тоа може да лета цели 30 минути, што му дава доволно време на спасувачот за да ја заврши акцијата. Секој џетпек може да лета и автономно, односно без пилот.

Секое летало чини 150.000 американски долари.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура