Амос Дадли бил во огромна дилема. Тој си ги мразел неговите искривени заби, меѓутоа како студент не можел да си дозволи да купи протези. Затоа, тој се насочил кон технологијата и со помош на 3D печатар си испечатил свои протези.
Дадли е 23 годишен студент по дигитален дизајн на Институтот за технологиј во Њу Џерси.
„Ги мразев моите заби затоа што беа искривени, но поради фактот што ме потсетуваа колку ги запоставив. Почувствував како залудно им ги потрошив парите на моите родители кога ми купуваа протези“, вели тој.
Поради комплексот со забите тој престанал и да се смее. „Не се смеев, а причината за тоа беше фактот што не бев среќен како изгледаат моите заби“. Затоа Дадли одлучил да се фрли на истражување и да си ги поправи забите, кога тој забележал нешто: протезите кои гледал, изгледаа како да можат да се направат со 3D печатар до кој има пристап со оглед на тоа што е студент по дигитален дизајн.
Дадли вели дека неговата мотивација не била само финансиите, бидејќи знаел дека може да си дозволи да купи протези неколку години после дипломирање на факултет. Тој вели дека мотивацијата била и експериментот кој го заинтригирал.
„Кога сфатив дека можам да направам вакво нешто и да ги демонстрирам вештините како создавач и дизајнер, почувствував дека ризикот е вреден“, вели тој.
После доста истражување, тој успеал да направи сет од 12 пластични протези. Тој го документирал целиот процес на неговиот блог. Проектот го чинел помалку од 60 долари. После 16 неделно носење, резултатите биле неверојатни - Дадли имал прави заби, а придобивката е тоа што протезите се речиси невидливи и тој не чувствувал никаква болка додека ги носел.