Крвава Месечина, инаку познато како целосно затемнување на Месечината, обично се јавува за време на Супер Месечина. Тогаш Земјата е поставена директно помеѓу Месечината и Сонцето и ја крие Месечината од зраците на Сонцето.
Во која било друга ноќ, Месечината добива директна светлина од Сонцето, но во оваа посебна ноќ Месечината се префрла во најтемниот и најцентралниот дел на сенката на Земјата. Во овој момент Сонцето, Земјата и Месечината се речиси целосно порамнети. Наспроти верувањето дека ова би предизвикало Месечината да стане целосно темна, таа е осветлена од индиректна Сончева светлина. Оттука се нарекува и крвава Месечина.
Фотографиите од оваа природна појава во Македонија ги направи нашиот фоторепортер Борче Поповски.