X
 07.08.2019 Наука

Откриено езеро на дното на кратерот на вулканот Килауеа на Хаваи

Научници од американскиот Геолошки институт открија езеро на дното на кратерот на најактивниот вулкан на Хаваите – Килауеа, што е доста несекојдневна појава.

Истражувачите наведуваат дека вулканот ја загрева водата во езерото, односно во кратерот во кој некогаш имало лава. Температурата на водата е околу 70 Целзиусови степени.

Лавата во кратерот исчезна лани, кога Килауеа престана да еруптира.

Геологот Мет Патрик смета дека е тешко да се одреди колку е длабока комората на магмата под дното на кратерот. Огромни количества гас постојано избиваат на површината.

Се верува дека областа и натаму е непристапна и опасна, токму поради гасот и другите ризици.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука