X
 23.12.2020 Забава

Ретка фотографија од удар на гром во вулкан за време на ерупција

Фоторепортер на „Ројтерс“ направил неверојатна фотографија од молња што удира во јапонскиот вулкан Сакураџима минатата недела.

Сакураџима е еден од најактивните вулкани во светот. Тој исфрла пепел и лава на секои 4 до 24 часа. На фотографијата се гледа гром како удира во врвот на вулканот.

Вулканските молњи се чест, но неразбран феномен бидејќи е тешко да се проучуваат активните вулкани. Во 2016 година истражувачи од Универзитетот „Лудвиг Максимилијан“ во Минхен, Германија, откриле дека молњите во Сакураџима се предизвикани од статичкиот електрицитет предизвикан од густите честички што се тријат во вулканската пепел, што е познато и како трибоелектричност.

Просечниот удар на гром трае околу 30 микросекунди, што ја прави фотографијата уште поневеројатна.



Автор: Талија Лакриц
Извор: insider.com
Насловна фотографија: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава