X
 07.08.2020 Живот

Работник во пристаниште спасен од морето по 30 часа од експлозијата во Бејрут

Работник на пристаништето во чија близина се случи експлозијата во Бејрут бил пронајден жив во морето по речиси 30 часа од несреќата.

Амин Ал-Захед бил примен во болница откако бил спасен од Средоземното Море. Фотографии од спасувањето биле објавени на профил на „Инстаграм“ кој бил создаден за да лоцира исчезнати жители во експлозијата.


Фото: New York Post

Не биле објавени детали за состојбата на Амин и за начинот на кој успеал да преживее во водата толку долго по експлозијата, која уби најмалку 137 луѓе и повреди околу 5.000.

На фотографијата се гледа како тој лежи на палуба на спасувачки брод со крвави завои на главата и на други делови од телото. Фотографијата може да ја видите тука (содржината може да биде вознемирувачка).


Во меѓувреме беше спасено девојче кое било затрупано 24 часа, како и маж кој поминал 10 часа под урнатините на пристаништето.

Автор: Јарон Стајнбах
Извор: nypost.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот