X
 21.06.2019 Живот

Богатите земји лани примиле само 16 отсто од бегалците

Бројот на луѓе кои избегале од нивните татковини достигна рекордно високо ниво во 2018 година. Имено, како што соопштија од УНХЦР, во текот на минатата година околу 25,5 милиони луѓе се иселиле од своите родни земји.

Само мал дел од нив живееле во богати земји, покажува извештајот на УНХЦР.

Посиромашните земји го носат товарот на се поголемата глобална бегалска криза. Од околу 20-те милиони луѓе под мандат на агенцијата, само 16 отсто живееле во земји со високи приходи. Ова се земјите со најголемиот број на бегалци, според УНХЦР.


Турција и понатаму е домаќин на најголемиот број на бегалци во светот
Фото: Quartz

На врвот на листата, кога станува збор за бројот на бегалци во однос на вкупното население, има неколку посиромашни земји. На пример, во Либан има 156 бегалци на 1.000 жители, што е највисокиот таков сооднос кога станува збор за 2018 година.

Колку за споредба, во побогатите земји просекот е 2,7 бегалци на 1.000 жители.

Фото: Quartz

Дел од причината за големата концентрација на бегалци во посиромашните земји е географската поставеност. Сосема е логично земјите околу Сирија, која е најголемиот „извозник“ на бегалци, да бидат на врвот на листата на земји кои примиле најголем број на бегалци. Ова се петте земји од каде потекнуваат најголемиот број на бегалци.


Две третини од бегалците во светот доаѓаат од овие пет земји
Фото: Quartz

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот