X
 22.07.2018 Живот

Згрозувачка глетка која го шокира целиот свет

Невладината организација „Parley for the Oceans“ објави шокирачка снимка, наведувајќи дека станува збор за 30 тони пластика што се наоѓа во морето покрај плажата Монтесинос во главниот град на Доминиканската Република, Санто Доминго.

Големата акција за чистење на ѓубрето почнала во средата, а во неа се приклучиле повеќе од 500 доброволци.

„Ова е многу шокантно, но она што е уште полошо е што случката не е новина во Санто Доминго“, прокоментирала активистката Кармен Данае Чаморо.

Таа додала дека секогаш по силни и обилни дождови, брегот се натрупува со ѓубре и дека е насушно потребно да се зборува за овој крупен проблем.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот