X
 07.09.2018 Живот

Едноставни трикови со кои нема да плачете додека сечкате кромид

Препознатливиот вкус на кромидот се должи на сулфурот што го апсорбира од почвата. Кога јадете жив кромид, тој има лут вкус, а со готвењето вкусот му станува сладок. Сепак, кромидот ослободува и ензим што од сулфурот произведува супстанција слична на сулфурна киселина која ги надразнува очите.

За да немате проблем со очите додека сечкате кромид, треба да знаете како да го сечкате. Важно е да користите остар нож - тапите ножеви ќе оштетат делови од кромидот и на тој начин ќе ослободат повеќе ензими.

Пред да го исечкате, ставете го еден час во фрижидер - ниската температура ќе ја забави активноста на ензимот што произведува надразнувачки супстанции.

Ќе помогне и ако ножот го намачкате со сок од лимон зашто ќе го намали дејството на сулфурните компоненти на кромидот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот