Солзењето на очите како резултат на поблизок контакт со кромид веројатно барем еднаш ве натерало да се запрашате која е причината што го предизвикува. Станува збор за хемиска реакција.
Ова го објаснува YouTube тимот
Реакции како дел од серијата видеа од Американското хемиско здружение. Кромидот припаѓа на група зеленчук што апсорбира големи количини на сулфурни компоненти од почвата. Овие компоненти кромидот како растение ги претвора во други состојки што веднаш може да преминат во гас.
Кога сечкаме кромид се делат отворени клетки. Тоа придонесува да се ослободат ензими и соединенија склони да преминат во гас, по што комбинацијата од двете формира гас,
syn-propanethial с-оксид што за брзо време доаѓа до очите. Откако ќе ја детектираат оваа хемиска состојка, очите испраќаат сигнал до централниот нервен систем, што следно предизвикува тие да солзат со цел да се измијат.
За жал, не би било добра идеја генетски да се модифицира кромидот за да се отстранат овие состојки. Тие се и делумно одговорни за неговиот вкус.