Најголемата фарма за ветерници, со површина колку 20.000 фудбалски терени, е отворена на брегот на Камбрија.
Објектот „Вални“ веќе имал 102 турбини пред неговото завршување. Му биле додадени уште 87 на почетокот на оваа година.
Секоја турбина е висока 190 метри, а ветерната фарма покрива површина од 145 квадратни километри. Може да генерира 659 мегавати - доволно за напојување на 600.000 дома.
Фармата се наоѓа во Ирското Море, на околу 19 километри од Бароу-ин Фурнес. Данскиот сопственик „Орстед“ во 2015 година ја започна изградбата на проектот.
Фото: ORSTED
- Северозападниот регион игра важна улога во нашето британско офшор-работење на ветерниците, а нашата цел е тука да направиме трајно и позитивно влијание - изјави управниот директор Метју Рајт.
- Рекордните инженерски обележја како што е ова ни помагаат да ja консолидираме нашата глобална лидерска позиција, да ги рушиме рекордите во генерирање обновлива енергија и да создадеме илјадници висококвалитетни работни места - изјави министерот за енергетика Клер Пери.
Околу 250 луѓе ќе бидат вработени во одржување на фармата со
ветерници.