X
 07.09.2021 Живот

Жан-Пол Белмондо: „Причините на срцето се поважни од аргументите на разумот“

Жан-Пол Белмондо беше француски актер кој стекна меѓународната слава со револуционерната класика „Без здив“.

Белмондо, од публиката наречен Бебел, стана една од најголемите филмски ѕвезди во Франција во 60-тите и 70-тите години. Се смета за клучна фигура во извонредната генерација на европската кинематографија во тој период, со серија филмови што ги создаде со Годард оставајќи неизбришлив белег.

Во негова чест, во продолжение се потсетуваме на некои од неговите мудри зборови.

- Шармот е способност да ги натераш другите да заборават дека изгледаш онака како што изгледаш.

- Жените над 30 години се во нивните најдобри години, но мажите над 30 години се премногу стари за да го препознаат тоа.

- Стравот е најлошиот грев што постои.

- Искушението е парфем што го мирисате, освен ако не сакате да го имате целото шише.

- За мене, причините на срцето се поважни од аргументите на разумот.

- Дама е жената која знае што не треба да знае, иако го знае тоа.

- Нема некоја посебна тајна на долговечноста. Едноставно сакам ова да продолжи што е можно подолго, сакам да живеам.

- Оди по сопствениот пат. Прави го она што сакаш да го правиш. Секој си ја игра својата игра.

- Кога првпат зачекорив на сцената, имав многу сомнежи. Но, секогаш е неопходно храбро да се движите напред.

Извор: azquotes.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот