Прва домашна обука за фриленсинг во модната индустрија
Во низата домашни обуки за различни ИТ-области, маркетинг или човечки ресурси кои се дел од понудата на речиси сите домашни центри за неформално образование, конечно добивме освежување со обука која се однесува на некоја друга област. И не која било, туку баш модната, која се смета за една од најатрактивните во најразвиените земји од светот!
„Дизајн на облека во 3Д“ е насловот на првата домашна обука (
http://fashion-freelancer.mk/) што има амбиција да ги привлече сите оние што се заинтересирани за покреативниот аспект на творењето и ширум да ги отвори вратите за влез во светот на модата.
- Машината за шиење ја заменивме со компјутер, а конецот со софтвер за 3Д-дизајн - вели Јасмина Чанева-Лазовска, организатор на обуката, која доаѓа од компанијата МК Вера Монд, која веќе 25 години е дел од текстилната индустрија работејќи за некои од најзвучните модни брендови.
- Преку обуката ќе научите вештини со кои успешно ќе можете да работите за кој било светски производител на облека, дизајнерски тим или синџир на модни продавници - директно од вашиот дом, на вашиот компјутер - дизајнирајќи парчиња облека кои ќе бидат единствено резултат на вашата креативност и имагинација - објаснува Чанева-Лазовска.
Обуката има вкупно 9 модули и ќе трае 13 недели, со динамика од 2 часа неделно - онлајн, плус индивидуални менторски сесии. Во делот за дизајнирање облека во 3Д, покрај Лазовска, инструктори се и Јована Јорданова, Цветанка Гаревска и Даница Ѓоргиева - сите успешни и признаени во својата област на дизајнот. Обуката инкорпорира и дел кој ќе ви помогне како со овие знаења успешно да „пливате“ во фриленсерските води и своето новостекнато знаење брзо да го усогласите со барањата на светските модни компании. За овој дел од обуката, насловен „Успешен фриленсинг“, ќе биде задолжен Блаже Спирковски - еден од најуспешните домашни фриленсери.
Субвенционираната цена изнесува 250 евра, а покрај стекнатите работни вештини, секој од учесниците ќе добие лиценциран Сертификат за дизајн на облека во 3Д, како и лиценциран софтвер за работа во времетраење од три месеци. Повеќе детали за обуката можат да се најдат на веб-страницата
www.fashion-freelancer.mk.
Обуката на првата група апликанти е закажана да започне на 5 октомври, а пријавувањето за неа е отворено најдоцна до 1 октомври 2022 година. Пријавувањето се врши преку претходна регистрација на следниот
линк.
Одржувањето на обуката е поддржано со програмата Reconomy - регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт фондација и други организации во земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.
(Комерцијална објава)