Да го прославиме крајот на оваа напорна и неизвесна година гледајќи многу чудна и истовремено интересна слика што целосно ќе ги збуни нашите веќе збунети мозоци.
Она што ви го презентираме е победник на овогодишниот натпревар за најдобра илузија, навистина заслужено, со една од најпознатите традиционални 2Д-оптички илузии реализирана во тродимензионален простор.
Класичните скали на Шредер, кој во 1858 година ги објавил германскиот научник Хајнрих Г. Ф. Шредер, подоцна ќе еволуираат во други форми во делото на холандскиот уметник М. Ц. Ешер, но зачудувачката едноставност на оригиналот и понатаму е неверојатна.
На илустрацијата излегува дека сето она што на почетокот се чини дека е еднозначно прикажување на едно скалило, всушност, гледано одгоре се две скалила (на едните скалила слегувате, на другите се качувате).
Фото: Screenshot/YouTube