Моето дете има 16 месеци и сѐ уште лази. Бара да го држам за раче и да оди, се исправа по мебелот, но сѐ уште не се пушта сам. Загрижена сум и затоа што кажуваше „мама“, „баба“ и нешто на бебешки, но сега подолг период ништо не кажува. Инаку, читаме книги и сам ги врти страниците, игра со топка и со некои играчки што му се интересни. Јаде буквално сѐ, но никако не сака да ја фати со рака храната, кога ќе ја чепне, се потресува и ми го дава рачето да го избришам. Ве молам за совет, премногу сум загрижена.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк