X
 19.09.2024 Живот

Се буди ноќе со плачење, одбива да спие и сака да си игра. Дали да промениме нешто во рутината пред спиење?

Моето дете има една година и 7 месеци. Има проблем со спиењето, од прв ден се трудиме и се држиме до истата рутина за спиење, си имаме време кога го заспиваме, прво го бањаме, кажуваме добра ноќ на тато и одиме во соба. Се заспиваме со песнички, доење, гушкање. Во сета таа рутина е вклучен и таткото. Почна да се буди навечер на 4-месечна возраст, но од пред некој месец тоа будење е проследено со плачење, давање отпор при гушкање обвивање повторно да заспие, како да се плаши во сон. Многу често остануваме будни некој саат и тогаш сака да си игра.
Оди во градинка и нема проблем, секогаш оди радосен, таму си заспива сам, јаде, си игра со децата. И дома е активен, секогаш е во движење, си игра, гледа и цртани, но краток период, па се заигрува со нешто друго. Ве молам за совет, дали ова е само период, дали нешто треба да променам во поглед на активности во текот на денот или во рутината за спиење?

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот