X
 25.06.2024 Живот

Одеднаш го фаќа напад со врескање, удирање врати, тепање, а потоа се смирува. Како да постапам?

Имам 7-годишен син и во последните неколку месеци се однесува многу агресивно и бесно. Кулминација се последниве денови каде што поради летниот распуст, оставен е кај баба му на чување. Првпат е одделен толку време од нас, особено од мене. Кога ќе стане од спиење е добар, се средува, појадува игра нешто и одеднаш го фаќа како некој напад со врескање, удирање врати, тепање и потоа се смирува откако на телефон ќе зборуваме и ќе му го одвлечам вниманието. Инаку, вака почна да се однесува откако во училиштето неколку деца направиле недолична работа (тој не бил многу инволвиран, ама го обвинија дека тој ја дал идејата.Тој ми ја кажува истата приказна – дека не го направил тоа и не дал таква идеја, а ми потврдија и неколку мајки од одделението чии деца ја кажале истата приказна како моето дете. Оттогаш почнува да се однесува понервозно, поагресивно, раздразливо, се обидувам смирено да разговараме, меѓутоа, пак одговара нервозно, со врескање, удирање по маса или трескање врати. Не знам веќе како да постапам, а сакам да му помогнам.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот