„
Пчеличката Маја“ на екраните постои веќе 40 години и тоа во земјата од каде што потекнува, Јапонија. Прв пат се појавува како литературен лик во 1912 година, од перото на германскиот писател Валдемар Бонселс.
На телевизија се појавува во Јапонија затоа што во тоа време европските продукциски куќи таму биле концентрирани на реализирање на своите медиумски идеи. Германскиот јавен сервис ZDF премиерно ја емитувал Пчеличката Маја на 9 септември 1976. Потоа се пренела и на пошироката европска јавност.
Приказните за Маја биле истовремено и еден вид настава по биологија затоа што во секоја епизода пчеличката запознава по некој инсект од европското поднебје: скакулци, полжави и слично. Во приказната пак, писателот имал идеја да ја прикаже како борбено суштетство спремно да се жртвува за своите другари. Веројатно периодот на создавање, Првата светска војна, извршил големо влијание. Патем, цртаниот филм станал интересен како за децата, така и за повозрасната публика.
Во новото руво од 2013 година Маја има некои промени во изгледот, кон што и најмногу се упатени критиките. Модернизацијата на Маја веројатно се должи на променетите идеали за убавина, па таа сега има помалку килограми. Но, и покрај критиките, гледаноста на 3Д варијантата е успешна веќе 3 години. Од ZDF планираат следната година да ги репризираат старите оригинални епизоди. За вистинските фанови и онака вреди само телевизискиот оригинал.