X
 07.11.2017 Живот

„Имам 42 години и повеќе никогаш нема да си ги дозволам овие грешки“

Ви го пренесуваме текстот од украинскиот психолог Елен Шпундре, која покажува како една зрела жена размислува за љубовта.

„Имам речиси 42 години и одвреме-навреме сакам да кажам дека не верувам во љубов, романса или среќа. Кон мажите главно сум отворена и им давам до знаење што знаат, а што не.

Исто така, без многу заобиколување има кажувам да одат по ѓаволите.

Не бев отсекогаш ваква. Им угодував на мажите, им готвев, им купував подароци, ги чекав нивните пораки, бев подготвена со нив да одам на крајот на светот. Секојпат бев подготвена целосно да се предадам поради љубов. Но ако повеќе не сум подготвена за тоа, дали тоа значи дека повеќе не можам да сакам?

Кога сме млади главно бараме многу и тоа може да боли. Некогаш е потребно да се испитаат границите за повторно да се преиспитате себеси за да дознаете кои сте.

Зрелоста е време кога навистина се среќавате со себеси. По младешкото слепило и жртвување, почнуваме да живееме за себе. Тоа не значи дека не ни е потребен некој друг. Дали тоа значи дека станавме успешни, насочени кон себеси, полни со самодоверба или осамени? Не.

Сакаме љубов, топлина и односи полни со разбирање исто како и кога имавме 20 години. Но досега научивме дека во здрава врска сите тие работи се реципрочни. Затоа, повеќе не ги правам овие работи:

1. Не чекам пораки и повици од маж

Или прва испраќам порака или ги исклучувам од животот оние што немаат време ни да ми се јават, ниту да ми напишат дека се зафатени.

2. Не сакам да одам на состанок ако не ми одговараат местото и времето


Ако мажот не е заинтересиран за тоа колку жената е зафатена, ако не го интересираат нејзините желби, удобноста, тоа никако не е добро. Токму таков маж воопшто не ми е потребен.

3. Не простувам ако не ми купи подарок за роденден


Сакам мажи што трошат пари на жените кои ги сакаат. Луѓето што штедат на пари, обично штедат и на други работи. Уште ако не го запомнат датумот што е важен за неговата партнерка, со тоа покажуваат колку не ја ценат.

4. Не можам да оправдам нечиј неуспех после 40. година

Тоа не значи дека барам пари. Кога бевме млади експериментиравме, се обидувавме и паѓавме, работевме на различни работни позиции. Веќе после 40-тата година треба да имаме некаква кариера и пристојно место во кое живееме.

5. Нема да молчам ако нешто не ми се допаѓа


Нема да го полудам мажот со постојани поплаки и нема да се жалам. Но ако не сакам брзо возење, ако тоа ме плаши, нема да премолчам. Нема да давам никакви сигнали, нема да чекам тој да забележи, нема да се мачам, ќе кажам отворено: „Не вози пребрзо, те молам. Тоа ме плаши“.

6. Не се плашам да поставувам прашања. Подготвена сум на каков било одговор

Кога бевме млади, се плашевме да поставиме прашање што не го разбираме. Не сакавме да се изложуваме на стрес, се плашевме дека ќе бидеме повредени или дека ќе го преплашиме. Но токму со недостигот на јасност се повредуваме себеси. Повеќе не сакам да бидам повредена, и затоа сум подготвена да разјаснам сè.

7. Повеќе не мешам секс со љубов


Сексот може да биде поврзан со љубовта. Од друга страна, не мора да има никаква допирна точка со љубовта.

Љубов, за мене, е кога тој молчи наутро бидејќи јас ја сакам тишината; кога ќе запомни како се вика моето куче и колку шеќер ставам во кафето; кога ќе ми го поправи лаптоп или нешто што се расипало; кога ќе ме изненади со нешто убаво. Ако нема ништо од ова, тоа значи дека само спиеме заедно.

8. Не сум љубоморна на неговите пријатели или пријателки, ниту на неговата работа


Или на неговите деца од последниот брак. Ако мажот ме сака, тој ќе најде време за мене. Можам да го прифатам тоа бидејќи и јас имам работа и сум постојано зафатена. Ако двајцата наоѓаме време еден за друг, тоа значи дека сè е во ред - нашата врска опстанува. Ако само јас наоѓам време за него, а тој постојано е зафатен, тоа никако не е добро и покажува дека е време за промена.

9. Не му ги пеглам маиците и кошулите. Не сакам да пеглам

Не сакам да ги пеглам сопствените работи, а камоли другите. Одбивам да направам нешто ако тоа не го сакам. Ако ме сака, сам ќе си ја испегла кошулата.

10. Не се трудам да изгледам подобро поради маж


Всушност, кога ќе запознам некој нов, може да бидам и цинична, премногу искрена. Не се срамам да разговарам за моите проблеми и тешкотии.

Имам речиси 42 години и сум директна, силна, флексибилна и не барам многу. Тешко е некој да ме скрши, да ме свитка како што сака или да ме искорени. Тешкотиите на животот ме зацврстија, и понатаму сакам да сакам. Едноставно не сум спремна да се жртвувам поради некој.

Љубовта е создавање, а не уништување и жртвување. Тогаш, ајде да создаваме“.

Автор: Елена Шпундра.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот