X
 30.04.2023 Живот

Дали би живееле во симулација на планетата Марс, во населба направена од 3Д-печатач?

Четири лица ќе живеат во симулација на планетата Марс во период од една година, за да ѝ помогнат на НАСА да се подготви за човечко истражување на таа планета.

За време на експериментот членовите на екипажот ќе вршат различни видови активности, како што се симулирани вселенски прошетки и роботски операции.

За да бидат што е можно пореални и поблиски овие услови со тие на планетата Марс, членовите на екипажот ќе се соочат со стресови од околината, како што се ограничувања на ресурсите, изолација и дефекти на опремата.



Извор: ВВС
Фото: ВВС/Screenshot
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот