X
 12.03.2020 Образование

Најиновативните образовни компании во светот за 2020

Веб-порталот „Фест компани“, кој објавува вести од областа на бизнисот, состави листа со најиновативните едукативни компании во светот за 2020 година. Компаниите што се најдоа на листата им нудат бесплатна или речиси бесплатна помош на наставниците, учениците, студентите и родителите.

1. „Тичабл

Оваа компанија им овозможува на експертите во која било област да го споделуваат своето знаење преку платени онлајн-видеокурсеви. Платформата помага во сите логистички аспекти. Во 2019 година инструкторите на платформата, кои се вкупно 20.000, заработиле 250 милиони долари.

2. „СВ Академи

Компанијата ги тренира невработените лица за работа што им е потребна на работодавците, кои го плаќаат тренингот. Минатата година компанијата собрала 9,5 милиони долари во инвестиции. Компанијата им помага на над 1.200 лица годишно да најдат работа во технолошка компанија.


Фото: Pixabay


3. „Пирсон

Оваа година компанијата ја претстави алатката што им помага на учениците и студентите во решавањето математички проблеми.

4. „Еверфи

Компанијата ги едуцира учениците во основно училиште како да решаваат конфликти со емпатија и сочувство. Минатата година алатката била искористена од страна на над 1.300 училишта.

5. „Сага Едукејшн

Инструкторите на платформата работат заедно со училишта во САД за да им помогнат да научат алгебра. Како резултат на тоа биле подобрени оценките на учениците по тој предмет. 

6. „Егзамити

Се работи за иновативен сервис за онлајн-тестирање кое овозможува верификација на личните карти на кандидатите и користи вештачка интелигенција за да открие мамење на тестовите.

7. „Еднавигатор

Оваа програма им нуди на семејствата советници за лично образование. Во моментов 21 советник им помагаат на 6.500 семејства.

8. „Имскулс

Основана од имигрантот Ванеса Луна, компанијата соработува со училишта и едукатори за да им понуди поддршка на учениците и семејствата што немаат документи за престој во земјата. Меѓу другото, се нудат професионални тренинзи и работилници за личните права.


Фото: Pixabay

9. „Курсера

Платформата овозможува слушање предавања од светски универзитети, а нуди и сертифицирани програми од технолошки компании.

10. „Дуолинго

Компанијата добила инвестиција од 30 милиони долари од „Алфабет“ во декември. Таа стои зад најпреземаната едукативна апликација во светот.

Извор: fastcompany.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование