X
 07.11.2018 Живот

Кога размислува за отпуштање, шефот на „Нетфликс“ на вработените им поставува само едно прашање

Рид Хејстингс, еден од основачите и претседател на управата на „Нетфликс“, има посебен тест со кој ја издвојува работата од чувствата.

Овој тест го искористил и кога го отпуштил својот близок пријател, главниот продуцент Нил Хант, кој во компанијата поминал 18 години. Хејстингс очигледно почувствувал дека компанијата ја надминала потребата за Хант и му рекол на поранешниот менаџер за развој на компанијата, Грег Питерс, дека ќе го заземе неговото место како главен продуцент.

- Не би избрал да продолжам понатаму во тој момент, но мора да се одделат емоциите од логиката - вели Хант.

Овој тест е всушност едно прашање што гласи: - Ако еден од членовите на тимот размислува за заминување во друга компанија, дали менаџерот ќе се бори да го задржи?

Ако вработениот не одговори правилно, тогаш добива отпремнина и се заменува со работник што ќе ја направи компанијата уште подобра.

Некои менаџери велат дека се под голем притисок, па мора да отпуштат луѓе бидејќи испаѓа дека се „меки и попустливи“.

Хејстингс ја основал компанијата „Нетфликс“ во 1997 година во Калифорнија, а минатата година приходите на компанијата беа речиси 12 милијарди долари. Во компанијата работат над 5.000 луѓе.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот