08.03.2019
Живот
Британскиот „Милионер“ по 13 години го отвори прашањето за милион фунти - дали го знаете одговорот?
Откако Џереми Кларксон лично изјавил дека најновата епизода од британската верзија на квизот „Кој сака да биде милионер“ ќе биде вредна за гледање, се знаеше дека ќе биде нешто посебно.
И навистина, натпреварот конечно имаше натпреварувач кој успеа да стигне до прашањето за милион фунти, првпат по 2006 година. Станува збор за Џон Робинсон, професор по англиски јазик од Бирмингем, кој точно одговори на 14 прашања.
За жал, не го знаеше одговорот на последното прашање, па се одлучи да се откаже и да си оди дома со половина милион фунти.
Прашањето гласеше: Кој од британските министри никогаш не бил министер за надворешни работи?
а) Винстон Черчил
б) Алек Даглас-Хоум
в) Ентони Иден
г) Харолд Мекмилан
Одете надолу за да го откриете точниот одговор.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
Станува збор за Винстон Черчил.
Подготвил: Тамара Гроздановски