X
 30.05.2019 Живот

Клонирањето на животните станува сѐ поевтино, но сѐ уште е застрашувачко

По помалку од една деценија од раѓањето на првиот клониран цицач, овцата Доли, една компанија веќе нудеше услуги за комерцијално клонирање, ветувајќи им на луѓето клонирање на нивните сакани миленици за одредена сума.

Оттогаш голем број славни лица, меѓу кои и Барбра Стрејсенд и Сајмон Кауел, ги клонираа своите миленици. А денес секој може да си го клонира кучето за 50.000 долари, што е половина од сумата која компанијата наводно ја наплаќала за услугата во 2015 година.

Падот на цената значи дека сега услугата станува подостапна, но според еден експерт, клонирањето на милениците е претерано и се граничи со суровост врз животните.

Високата цена на клонирањето миленици можеби полека опаѓа, но остануваат голем број проблеми со процесот на клонирање, смета Алан Бек, професор на Универзитетот „Пердју“.

- Сите клонирани животни имаат пократок животен век и многу повеќе здравствени проблеми од неклонираните животни - истакна Бек.

Тој додава дека клонираното животно не е единственото што страда, туку дека многу животни се користат во процесот на клонирање за кои нема гаранција дека се добро чувани.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот