X
 14.07.2023 Култура

„Опенхајмер“ - шокантна приказна за творецот на атомската бомба

Филмскиот режисер Кристофер Нолан го избра Роберт Опенхајмер за главен лик во неговиот нов филм „Опенхајмер“, со што нѐ врати во времето кога американскиот физичар го надгледувал создавањето на атомската бомба во текот на Втората светска војна.

- Приказната на Опенхајмер е една од најдраматичните што ги знам и има многу аспекти кои ја прават привлечна - изјави Нолан во интервју.

Опенхајмер управувал со тајна лабораторија во Лос Аламос, која била направена за време на мандатот на претседателот Френклин Рузвелт, како дел од проектот „Менхетен“, за изградба на првата атомска бомба. Тој го надгледувал детонирањето на првата атомска бомба „Тринити“ во пустина во сојузната држава Ново Мексико, пред да бидат бомбардирани Хирошима и Нагасаки.

Трилерот „Опенхајмер“ на Нолан е базиран на биографијата „Американски Прометеј“ од 2005 година, а главните улоги ги толкуваат Мет Дејмон, Роберт Дауни Џуниор, Емили Блант и Килијан Марфи, кој се најде во главната улога како „таткото на атомската бомба“.

- Постојат многу информации за Опенхајмер. Како актер, мојата работа е всушност да одам по човечноста и емоциите кон комплексноста и моралноста на ликот - изјави Марфи, кој и претходно соработувал со Нолан.

Критичарите се целосно воодушевени од филмот. Светската премиера се одржа во Париз, а новинарите кои го гледаа филмот на „Твитер“ споделија блескави критики.

- Растргнат сум помеѓу тоа да бидам скроз срамежлив и таинствен во врска со Опенхајмер и само да излезам и да кажам дека тоа е целосен нокаут што ми го отвори мозокот како плутониумско јадро и ме остави да плачам по завршувањето на филмот - напиша филмскиот критичар Роби Колин на неговиот твитер-профил.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура