X
 07.11.2023 Забава

Ќе се снима филм „Барбихајмер“

Доколку мислите дека феноменот „Барбихајмер“ е зад нас, се лажете. Ќе се снима нов филм кој ќе ги комбинира двата филма што го создадоа феноменот, „Барби“ и „Опенхајмер“.

Овие два филма почнаа да се прикажуваат во кината низ светот истовремено, па оттаму се роди и кованицата „Барбихајмер“, која беше инспирација за многу шеги на интернет. Сега, нов филм, зад кој стои продуцентот на хорор-комедии Чарлс Бенд, повторно ќе го оживее овој феномен. Бенд потврдил за американските медиуми дека неговата компанија „Фул мун фичрс“ работи на филм кој ќе ги комбинира „Барби“ и „Опенхајмер“.

Што може да очекуваме од овој филм? Се знае дека приказната ќе ја следи д-р Бамби Џ. Барбихајмер, кукла-научник која живее во свет на играчки каде што постојано има забави. Таа живее со своето момче Твинк Долмен. Куклата-научник одлучува да создаде атомска бомба.

Уште не започнало снимањето на филмот, па останува да почекаме за да видиме дали ќе биде успешен како и двата филма од кои е инспириран.



Извор: Indy100
Насловна фотографија: X
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава