X
 08.02.2017 Култура

„Годзила“ на севернокорејски начин


Илустрација со поранешниот претседател на Северна Кореја

Шин Санг-Ок (1926-2006) е популарен режисер и продуцент, кој се сметал за принц на јужнокорејскиот филм. Но, сето тоа се променило еден ден во Хонг Конг, кога бил киднапиран од севернокорејските тајни агенти за да снима пропагандни филмови за Северна Кореја и тогашниот диктатор Ким Јонг-Ил. А најпознатиот од сите снимени филмови е Пулгасари, сказна за митското чудовиште налик на Годзила.

Дејството на филмот е сместено во средновековната Кореја. Богатото племство го ограбува  сиромашното село и притоа го заробува стариот селски ковач. Неговите деца се обидуваат да му поддадат ориз за да не умре од глад. Меѓутоа, ковачот секојдневно  го меша оризот со крвта од својата ќерка за да формира минијатурна фигура од чудовиште. Со последните сили ги замолува боговите да ја замени својата душа за спас на сиромашните селани од монархијата. Малечката фигура на чудовиштето, Пулгасари, заживува, и почнува да јаде железо и метал како храна. И сè повеќе расте. За кратко време станува толку големо и ништо веќе не може да му го сопре патот. Селаните, со помош на Пулгасари, успеваат да се ослободат од монархијата, но Пулгасари станува сè поголем.

Иако селаните го обожаваат Пулгасари, тие не можат да ја задоволат неговата глад. Ќерката на ковачот, на крајот сфаќа дека Пулгасари ќе предизвика војна и сиромаштија со постојаното јадење на ресурсите и одлучува да се саможртвува со цел душата на нејзиниот татко во мир да замине на другиот свет.

Целиот концепт на филмот е алегорија за опасноста од капитализмот. Како што пишува порталот „Listverse“, Севернокорејците мораат да го запрат капитализмот, дури и по цена на сопствените животи.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура