X
 13.07.2016 Живот

Интернетот експлодира после необичниот гест на претседателот на Уганда

Социјалните медиуми полудеа откако претседателот на Уганда, Јовери Мусевени бил фотографиран како разговара на телефон на столче покрај автопат.

 

уганда


Јувери бил на пат кон јавен настан во југозападната област на Исингиро кога неговата колона застанала, за тој да разговара на телефон. Барем ова го покажува фотографијата објавена на Фејсбук од неговиот секретар.

Не требаше да помине долго време за интернет корисниците да започнат да го користат хаштагот #UOT, и да шпекулираат за тоа кој би можел да е соговорникот со кој зборува претседателот.

Со кој тој зборувал?

Дали би можело тоа да е опозицискиот лидер? Политичарот, кој е сериозен противник на Мусевини, бил затворен две годидни под обвинение за предавство откако тој ги откажал изборите во февруари и изјавил дека тој е всушост победникот.

Или можеби фотографијата била внимателно испланирана за маркетиншки трик со цел да се одвлечи вниманието од она што има да го каже опозицискиот лидер?

Или можеби не станува збор за политика, туку Мусевини одлучил да го поправи мобилниот сигнал во Уганда?

Или пак можеби одлучил да го преземе најновиот албум на Дрек?

#M7 предизвикот

Како што мемињата се размножувале, жителите на Уганда се запрашаа дали и тие треба да го следат претседателскиот протокол и да најдат место надвор, да седнат и да зборуваат.

Други пак, го поставија претседателот во сосема различни услови.
Кој му го дал столчето?

Како што шегата продолжува, се'уште е нејасно кој му го дал столчето на претседателот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот