Најдобрите книги ќе ве однесат во друг свет, а најмагичните книжарници помагаат тоа да стане реално. Кинескиот синџир на книжарници „Жонгшу“ е познат по своите неверојатни ентериери, а не е исклучок и најновата книжарница во Дуџијангјан, во провинцијата Сечуан.
Книжарницата, дизајнирана од архитектонската фирма „Екс+ливинг“, е инспирирана од природниот свет и има интересни закривени полици за книги, скали и високи заоблени врати. Ефектите од овие карактеристики на книжарницата се надополнети со тавани со огледало.
Надреалниот ентериер е дел од сеопфатната естетика на архитектонската фирма, која дизајнирала повеќе од 15 книжарници на „Жонгшу“, од кои секоја рефлектира аспекти на природниот пејзаж. Без разлика дали се полиња во Ченгду или планините на Чонгкинг, архитектот Ли Ксијанг за дизајнот црпи инспирација од природата за да им овозможи на посетителите посебна врска со просторот што ги опкружува.
Концептот на оваа
книжарница, за која Ксијанг вели дека му бил потребен еден месец за да ја дизајнира и 5 месеци да ја изгради, се базира на брана во близина на Дуџијангјан. При влегувањето во продавницата читателите се пречекани од големите полици од орев во форма на лак, кои создаваат интимни простори за читање и создаваат чувство на движење низ просторот. Закривениот мотив продолжува со книги што ги исполнуваат полиците на соседните колони. Ксијанг го споредува минувањето низ лаковите како зачекорување во планина што се тркала.
Ксијанг сака читателите да доживеат страхопочит од околината слично како што би можеле да доживеат во природата, така што кога ќе застанат, ќе ја почувствуваат големината на предметот.
Фотографии: X+Living