Познатата веб страна Business Insider во соработка со PayScale откриваат кои се најдобрите американски компании кои се издвојуваат во платата и задоволството на вработените.
Во продолжение погледнете ја листата на најдобрите технолошки компании за работа во Америка.
На прво место се најде Фејсбук, со највисоко ниво на задоволство кај вработените, како и највисока плата. Веднаш зад него е Google, со просечна плата од 133.000 долари.
Првата 10-ка ја заокружуваат Microsoft, Cisco, Qualcomm, Celanese, NetApp, Symnatec, Apple и Intel.