X
 13.01.2017 Живот

Покер : Луѓе vs. вештачка интелигенција

Едни од најдобрите играчи на покер во светот се натпреваруваат за награда од 200 илјади долари. Но, овој пат еден до натпреварувачите не е човечко суштество.


Турнирот наречен „Brains Vs. Artificial Intelligence: Upping the Ante“, вклучува натпревар помеѓу четири професионалци и вештачка интелигенција. Натпреварот ќе трае до крајот на месецот, а според фактот дека ќе бидат одиграни повеќе од 100 илјади партии, тоа ќе биде доволно за да се знае дали луѓето ќе бидат супериорни.

Додека вештачката интелигенција минатата година се докажа како подбра кога победи професионалци во играта „Go“, една од најкомплексните игри на табла, покер е навистина сосема друг предизвик. Машина може да ја пресмета точната веројатност на одредена карта или група на карти, па во тој случај е повеќе подготвена за разлика од човекот. Проблемот лежи во тоа што во покерот, играчите не можат да ги видат картите на противникот, Таа скриена информација носи и други компликации – блефирање, а тоа е она што покерот го прави човечка активност и се разбира е предизвик за вештачката интелигенција.

Но, тоа не значи дека компјутерите не можат да се соочат со предизвикот. Минатата година истражувачите од „University of Alberta“, создале компјутер кој решил една верзија на покер. Но, овој турнир нема да има ограничувања, односно нема да има максимум обложувања. Оваа вештачка интелигенција која е наречена „Libratus“ е дизајнирана со нови алгоритми кои се наменети да бидат поефикасни од останатите вештачки интелигенции тестирани на покер партии. Истражувачите се надеваат дека овој модел барем ќе го достигне човечкото ниво, а можеби и ќе успее да го победи човекот. Но, ќе мора да се почека додека да заврши турнирот за да се види кој ќе биде победникот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот