Некои
пронајдоци биле отстранети од очите на човештвото или просто биле прикриени. Дежурните заговорници на конспиративни теории сметаат дека зад тоа стојат големите корпорации и владите на моќните земји. Од нивен интерес било пронајдоците никогаш да не се употребат, бидејќи „it’s all about money“.
Во продолжение ви претставуваме неколку пронајдоци што можеле да го променат изгледот на човештвото и да сочуваат голем број човечки животи.
1. Безжичен пренос и бесплатна енергија (Теслина кула). Генијалецот Никола Тесла изградил кула преку која ја користел природната фреквенција на нашиот универзум за пренос на податоци, вклучувајќи и широк спектар информации низ слики, говорни пораки и текст. Овој Теслин пронајдок, всушност, е првата безжична комуникација, но попатно тоа значело дека универзумот е полн со бесплатна енергија.
2. Автомобил на електричен погон ЕВ1. Првиот електричен автомобил што се нашол во масовно производство. Сепак, компанијата што го произведувала, „Џенерал моторс“, одеднаш ја прекинала продажбата и ги уништила сите примероци. Производството траело од 1996 до 1999 година.
3. Проектот XA за производство на цигари што не предизвикуват рак. Ако заживееше овој изум, ќе се спасеа милиони луѓе, но на патот на реализацијата се испречиле големите тутунски компании.
Фото: Pixabay
4. Студена фузија за производство огромни количини нуклеарна енергија на собна температура била отфрлена како „невозможна мисија“.
5. „Хроновизор“ – очила за гледање во иднината. Очилата слични на денешните Google Glasses, овозможувале увид во минатото и иднината. Според некои теории на заговор, очилата завршиле во Ватикан.
6. Ласер што лечи рак. Ласерскиот зрак што брзо и ефикасно ги убива ќелиите на ракот, го измислил научникот Ројал Рејмон Рајф. Меѓутоа, неговото откритие старо повеќе од половина век е неупотребливо, а Рејмон е прогласен за луд.
7. Водата како погонско гориво. Американецот Стенли Мајер смислил начин што водата ја претвора во погонско гориво за автомобили. Неговиот пронајдок американската влада го прогласила за измама, а неговата смрт до денес останува голема мистерија.
8. Органска или животна енергија. Докторот Вилхелм Рајх во далечната 1953 година направил и успешно го тестирал пронајдокот што создавал дожд, а го покренувала органска, односно животна енергија. Тој се надевал дека на тој начин ќе им помогне на луѓето во сушните предели на земјата. Рајх завршил во затвор каде што умрел под неразјаснети околности, а неговиот пронајдок исчезнал засекогаш.
9. Имплозивен генератор. Создавањето енергија од имплозија и природни извори како што се вртежите во водите и нивното генерирање, бил пронајдок на Виктор Шаунбергер. Неговото откритие не се употребува, бидејќи генераторот е уништен.
10. Антигравитациски диск. Американецот Томас Таузенд Браун направил и тестирал диск што овозможува да им се пркоси на законите на физиката, односно гравитацијата. Неговиот пронајдок не е во употреба, а американската влада го прогласила за државна тајна.