X
 04.12.2018 Култура

Верувале или не, овие фотографии се нелегални

Кога сме на одмор, сакаме да се фотографираме повеќе од вообичаено. Правиме фотографии од сѐ и сешто, од познати споменици до секојдневни оброци - дури и најобичните предмети што изгледаат неверојатно интересно за странци како нас.

Но, понекогаш дури и најневините и најдобронамерните слики може да им предизвикаат проблеми на туристите.

Минатата недела 19-годишниот Мухамед Фати Абулкасем од Манчестер беше уапсен откако снимаше видео додека неговиот лет слетуваше на аеродром. Во Египет е забрането фотографирање или снимање на воени објекти, опрема или персонал.

Многу земји забрануваат фотографирање или снимање на воени авиони, тенкови, поморски бродови и други возила, воен персонал, бази, објекти за складирање и други работи поврзани со војската.

Исто така, честопати се забранети фотографии и снимки од владини згради.

Но, други, помалку чувствителни фотографии може да предизвикаат проблеми како што се религиозни места, аеродроми, музеи и галерии, мостови, тунели и железнички станици, стоковни куќи и трговски центри, па дури и згради и јавни уметнички дела.

Овие работи честопати доминираат во колекциите на фотографии од одмор кај луѓето, така што може да сте криминалец без да го сфатите тоа.

Ова се некои работи што туристите не смеат да ги фотографираат - верувајте, ќе се изненадите.

Ајфеловата кула навечер

1
Фото: iStock


Најпознатата зграда во Франција и воопшто во Европа. Но, кулата не смее да се фотографира навечер.

Еве зошто. Според европскиот закон за авторски права, делото е заштитено за време на животот на уметникот, плус уште 70 години. Дизајнерот на кулата, Густав Ајфел, почина во 1923 година, така што зградата влезе во јавниот домен во 1993 година.

Но, светлата на кулата биле инсталирани во 1985 година од уметникот Пјер Бидо. Тие се сметаат за уметничко дело и сè уште се заштитени според законот за авторски права.

Затоа, ако направите слика без светлата на Ајфеловата кула, тогаш е во ред. Но, ако фотографијата што сте ја направиле има светла, тогаш сте го прекршиле законот.

Најпознатото место во Токио

2
Фото: iStock


Голден Гаи, во срцето на градот Шинџуку, треба да биде виден за да поверувате колку е добар. Станува збор за мал дел од градот преполн со 200 минијатурни барови - некои од нив доволно големи за да собере само пет луѓе, вклучувајќи го и шанкерот.

Она што треба да го знаете за ова место е дека туристичките фотографии се строго забранети.

Систинската капела - не е она што мислите

kapela
Фото: Trip Advisor


„Инстаграм“ е преполн со фотографии од ова место, познато по извонредните фрески, вклучувајќи го и „Страшниот суд“ на Микеланџело. Но, фотографирањето и снимањето се забранети во Систинската капела, а чуварите ќе ве натераат да го избришете она што сте го снимиле.

Сигурно мислите дека фотографирањето е забрането затоа што блицот ќе ги уништи бесценетите уметнички дела, но причината е тоа што една јапонска телевизиска компанија ги има ексклузивните права.

Кинеските панди

pandi
Фото: iStock


Лоши вести за обожавателите на панди. Во октомври властите на кинеската провинција Сичуан издадоа забрана за туристите да фотографираат панди. Новото правило е со цел да се спречат луѓето да се приближат до загрозените животни на места како што е популарната истражувачка база Ченгду за одгледување големи панди.

Северна Кореја - речиси сѐ!

koreja
Фото: iStock


Можете да фотографирате споменици од поранешни севернокорејски лидери, но целиот споменик мора да биде во рамката.

- Не смеете да ги сечете стапалата на статуите. Не смеете да го сечете ниту аголот - вели фотографот Карл Корт од „Гети имиџис“, кој поминал една недела во комунистичката држава.

Туристите во Северна Кореја смеат да влезат во земјата ако имаат одобрение од државата, која регулира каде одат и што гледаат. Туристите се предупредени дека нивните мобилни телефони и електронски уреди може да бидат прегледани од севернокорејските власти.

Други места што не смеете да ги фотографирате


- Круната во Лондонската кула
- Во внатрешноста на Вестминстерската катедрала
- Долината на кралевите во Луксор, Египет
- Заедницата на амишите во САД
- Рослинскиот параклис во Шкотска, каде што бил снимен „Кодот на Да Винчи“
- Ограничени области во Обединетите Арапски Емирати што може да вклучуваат палати, мостови и владини згради. Многу туристи биле уапсени за правење фотографии од ограничените области, вклучувајќи и 70-годишен американски турист во 2014 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура