Нови документи кои протекоа од Едвард Сноуден откриваат дека британскиот шпионски центар „GCHQ“ собрал меилови од поголемите медиуми од целиот свет, вклучувајќи ги „BBC“, „Le Monde“, „New York Times“ и „The Washington Post“.
Меиловите беа резултат на тестовите спроведени од разузнавачката агенција, која ги испитува начините преку кои може да се влези во фибер-оптичките кабли, кои го сочинуваат столбот на интернетот. Во десет минутен тест во ноември 2008 година, агентите на „GCHQ“ успеале да соберат над 70.000 меилови. Не е јасно дали индивидуалните новинари беа вклучени.
Иако голем дел од меиловите биле едноставни PR пораки испратени до новинарите, имало и меилови испратени меѓу писателите и уредниците во кои разговарале за прилози.
Безбедносната проценка на „GCHQ“ открива дека истражувачките новинари исто така биле наведени како закана за националната безбедност, заедно со терористите и хакерите. Можеби ова ја објаснува активноста на агенцијата.
Во времето кога уредничката слобода значи многу повеќе од било кога, навистина е жално да се види дека една од најголемите светски шпионски агенции постојано ги надгледуваат комуникациите на организаторите на вести. Но, со оглед на ситуацијата и светот во кој живееме денес, ова не треба да биде и некое големо изненадување.