Катастрофалниот земјотрес во кој загинаа илјадници луѓе низ Турција и Сирија доведе до поместување на земјата за 3 метри, тврди експерт.
Земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала погоди голема област на Јужна Турција и дел од Северна Сирија во раните утрински часови во понеделникот.
Официјалните лица рекоа дека речиси 5.000 луѓе загинале во двете земји, а Турската организација за управување со вонредни ситуации и катастрофи потврди дека имало 2.291 жртва во Турција, а 15.834 лица се здобиле со повреди.
Земјотресот предизвика и големо уништување на домовите, зградите и патиштата, а еден италијански експерт за сеизмологија вели дека земјата на која лежи регионот значително се поместила по силниот земјотрес.
- Она што го нарекуваме Арапска плоча се движела околу 3 метри во правец североисток-југозапад во однос на Анадолската плоча - вели професорот Карло Дољони, претседател на Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија.
- Зборуваме за континуирано движење, рамнината на раседот е прилично наклонета и за време на настанот забележуваме хоризонтално поместување на двете страни на раседот. Со други зборови, како Турција да се преселила на југозапад - додава професорот.
Властите ги советуваа луѓето да останат подалеку од патиштата, а џамиите во областа се отворени за да им понудат засолниште на оние што не можат да се вратат во своите домови.
Потрес бил почувствуван до Гренланд, што е 5.524 километри од епицентарот на огромните земјотреси, потврди Геолошкиот институт на Данска и Гренланд.
- Големите земјотреси во Турција беа регистрирани на сеизмографите во Данска и во Гренланд. Осум минути по земјотресот, тресењето стигна до источниот брег на Гренланд - изјави сеизмологот Тине Ларсен.
Извор:
Unilad.com
Фото:
Facebook