X
 08.02.2024 Живот

Велковски: Инспекциските служби ќе проведуваат дали децата во градинките се вакцинирани против голема кашлица

Министерот за труд и социјална политика во техничката влада, Ѓоко Велковски, денеска изјави дека инспекциски служби ќе проверуваат во градинките каде што нема вакцинирани деца со ДиТеПер вакцината и ќе интервенираат за да се спречи епидемија на голема кашлица.

- Од Комисијата за заразни болести има заклучоци и тие треба да бидат одобрени на владина седница. И во закон стои дека секое дете што нема примено одредена вакцина не ќе може да биде дел од системот на детска заштита. Ќе ги провериме градинките и нашите инспекциски служби ќе видат каде треба да интервенираме за тоа да биде практика и за да го спречиме ширењето на оваа епидемија, барем во Скопје како жариште во овој момент - рече Велковски.

По 18 потврдени случаи на голема кашлица, Комисијата за заразни болести вчера препорача прогласување епидемија во Скопје. Во изминатите денови бројот расте, особено на територија на град Скопје, каде што се потврдени 14 случаи.

Се предлага вакциналните пунктови да работат во две смени, а дополнително да се работи и во сабота. Препорака е и да се забрани прием на невакцинирани деца за пертусис во градинките.

Комисијата очекува овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација, бидејќи фокусот е заштита на најмалите.
Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, вчера на прес-конференција рече дека прогласувањето на епидемија звучи малку страшно, но, дека реално треба да се олесни справувањето со ризикот што доаѓа со оваа болест.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот