X
 07.02.2024 Здравје

Петличковски: Предложивме да се прогласи епидемија на голема кашлица на територија на Скопје

Со оглед на последните бројки, 18 потврдени случаи со голема кашлица и имајќи предвид дека во изминатите денови овој број расте, особено на територија на град Скопје каде што се потврдени 14 случаи, се одлучивме да препорачаме прогласување на епидемија за град Скопје, изјави денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

-Ова звучи малку страшно, но реално треба да ни олесни во справување со ризикот кој доаѓа со болеста голема кашлица. Во таа насока моментално го подготвуваме, односно очекуваме да излезе подготвено упатство за постапување во услови на епидемија од страна на Институтот за јавно здравје и клучните активности треба да бидат насочени на пополнување на промашените вакцини - рече тој.

Посочи дека е незадоволително нивото со опфатот на вакцинација на пертусис.

- Треба да се фокусираме да го поправиме она што е промашено во изминатиот период. Затоа ќе ги повикуваме сите што ја пропуштиле вакцинацијата предвидена со редовниот календар. Ќе предложиме да се организира работата на вакциналните пунктови во две смени и дополнително во сабота да се примаат деца за вакцинација - рече тој.

Нагласи дека препорачуваат забрана за прием на деца невакцинирани за пертусис во градинки и очекува овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација бидејќи фокусот е на заштита на најмалите, затоа што, како што рече тој, оваа болест може да биде и е практично тешка, најтешка болест за најмалите.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје