Ја викаат Маки 35-ка и ретко кој од редовните патници на оваа скопска градска автобуска линија не ја знае. Насмеана, ведра, Макфире Шакири веќе 13 години како возач на автобус се справува со големите градски метежи, сообраќајната (не)култура, пристојни, непристојни, но и нервозни и дрски возачи и патници... Мајката на сега 15-годишниот Анди вели дека тој и во автобус растел, било тешко, но со помош на добри луѓе ѝ се ределе коцките во животот. Порачува: „Верувајте во себе. Нема да го направиме само она што не сакаме или цврсто не сме решени дека треба“.
Во нејзината професија мора да си смирен.
- Има тешки ситуации, стресни ситуации. Но, мора да си смирен. Нашите грешки може да не се поправат – потенцира Макфире.
За неа нема женска и машка професија.
- Не сме ни свесни колкава ни е моќта. Познавам жена-столар. Треба само да се каже „јас можам“ – потенцира таа.