Богат возач на финските острови Аланд бил казнет со над 120.000 евра поради пребрзо возење. На овие острови казната за брзото возење се одредува според приходот на возачот.
Ова е негова трета голема парична казна во 10 години и прва со шест цифри.
- Жалам за ова - изјави Андерс Виклоф, додавајќи дека бил свесен дека вози од зона 70 во зона 50 и дека забавувал, но очигледно не доволно брзо. Тој изрази надеж дека парите што ги платил ќе бидат наменети за здравствена заштита.
Виклоф возел 82 километри на час во зона каде што се вози 50 километри на час, па полицијата го запрела и му пишала казна. Заедно со казната му била одземена и возачката дозвола на 10 дена.
Шампион во брзо возење
Ова не е првпат Виклоф да биде фатен како вози пребрзо. Во 2018 година бил казнет со 6.680 евра, а пет години претходно морал да плати 95.000 евра, што исто така беше главна вест во сите светски медиуми.
Роден во Аланд, Виклоф е претседател на холдинг-компанија која вклучува бизниси во секторите логистика, хеликоптери, недвижности, трговија и туризам. Се смета дека тој е најбогатиот жител на Аланд и понекогаш го нарекуваат „крал“ на областа.
Извор:
Dw.com
Фото: Freepik