X
 10.05.2017 Култура

Бизарни европски закони кои сѐ уште постојат

eu

- Во Швајцарија, нелегално е да пуштите вода во вц школката после 22 часот.

- Мажите во Италија можат да бидат казнети за носење сукња во јавност.

- Мажите кои уринираат во каналите на Амстердам може да бидат казнети.

- Во Мадрид, нелегално е да прашате некој за времето помеѓу 15.29 и 18.47 часот.

- Оригинално воведен за да спречи доцнење на воз, бакнувањето на француските железнички платформи е против законот.

- На Швајцарите забрането им е да ги ставаат алиштата да се сушат во недела.

- Во Данска, обидот за бегство од затвор не е нелегално.

- Постои закон кој вели дека Французинките не смеат да носат пантолони.

- Германски закон вели дека прозорците мораат да имаат поглед кон небото.

- Главата на било кој мртов кит пронајден на брегот на Британските острови, му припаѓа на кралот. Опашката пак, ѝ припаѓа на кралицата.

- Практикувањето вештерство во Ирска се казнува со затвор под законите за богохулење.

- Во италијанскиот град Турин, законски е одредено кучето да се шета најмалку 3 пати на ден.

- Во Белгија, уличниот музичар може да биде уапсен ако свири фалш.

- Законот од ЕУ диктира дека коњот кој се чува како домашно милениче не смее да биде јаден од сопствениот сопственик.

- Нелегално е да бидете пијани во паб во Велика Британија.

- Ако Ерусундскиот теснец замрзни и Швеѓанец оди преку него во Данска, на Данците им е дозволено да го/ја удрат со стап.

- Во Германија, за време на Октоберфест, никој не е легално пијан без разлика колку алкохол консумираат.

- Антички норвешки закон пропишува дека секој маж мора да оди на експедиции за силување и грабеж на секои 5 години.

- Купоните се забранети во Грција.

- Нелегално е да ви снема бензин на германски автопат.

- Ниту една свиња во Франција не смее да се вика Наполеон.

- Швеѓаните мораат да достават дозвола за градба и да добијат лиценца да ја исфарбаат надворешноста на нивните домови.

- Во Португалија, уринирањето во морето е забрането.

- Финските таксисти мораат да купат лиценца за да им пуштаат музика на нивните клиенти.

- Во Исланд, ако сакате да чувате куче во стан, мора да добиете дозвола од секој станар од зградата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура