X
 08.03.2022 Спорт

Најстариот тенисер во светот порачува од Харков: Војната мора да престане, сакам да играм тенис

Леонид Станиславски, кој има 97 години, пред четири години играл против Рафаел Надал, што за него претставувало остварување на сонот. Станиславски е најстариот тенисер во светот, а во моментов го живее најголемиот кошмар во Харков додека Русија го напаѓа градот. Тој има желба да игра со Роџер Федерер, но во моментов неговата единствена желба е да остане жив.

- Се надевам дека ќе стигнам до 100. Мора да ја преживеам оваа страшна ситуација - изјавил Станиславски.

Од почетокот на војната тој речиси не излегол од својот дом и вели дека има резерви на храна.

- Ќерка ми Тања е во Полска, сакаше да ме однесе таму. Но одлучив да останам тука. Имам лош слух, па спијам навечер и не слушам ништо - изјавил тој.



Станиславски ја преживеал Втората светска војна, бил инженер и им помагал на советските воени авиони да се борат со нацистите.

- Никогаш не мислев дека ќе мора да живеам во уште една, пострашна војна во која умираат луѓе од двете страни, мајки ги губат децата, жените ги губат сопрузите - додал тој.

- Што е ова? За какво добро е? Во 21 век не може да има војна. Војната треба да заврши, мора да се постигне договор - вели Станиславски.


Тој планира да се натпреварува на светски натпревари во тенис доколку престане војната. Почнал да игра тенис кога имал 30 години.

- Тенисот е мојот живот, мојата судбина. Посериозно играм тенис од 90-годишна возраст, сум играл во странство, сум играл на светски натпревари, сум играл на европски натпревари - вели Станиславски.

- Не се плашам од никого. Се надевам дека војната ќе заврши и ќе може да играм тенис - додава тој.

Извор: CNN
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт