X
 08.03.2023 Живот

Кога се слави Меѓународниот ден на мажите?

Сите знаат кога се слави Меѓународниот ден на жената, но дали знаете дека се слави и Меѓународен ден на мажот?

Околу 80 земји во светот го слават овој ден. Тој се одбележува на 19 ноември секоја година. На тој ден се прославуваат настани кои имаат цел да ја зголемат свеста за проблеми со кои се соочуваат мажите, како бездомништво, насилство и самоубиство.

На веб-страницата посветена на Меѓународниот ден на мажите стои дека на тој ден се слават позитивни примери на мажи за да се зголеми свеста за благосостојбата на мажите. Оваа година организацијата што стои зад веб-страницата ќе се фокусира на намалување на стапката на самоубиства кај мажите.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот