X
 11.11.2017 Уметност

Зошто бебињата изгледале како возрасни мажи во средновековните уметнички слики?

Колку децата треба да имаат специјален третман и во која мера треба да гледаме на нив како мали возрасни лица? Одговорот на тоа прашање варире и со текот на времето, а и во зависност од општеството. 21- от век се карактеризира со преголема заштита над децата, но како стоеле работите во средновековна Европа – можеме да ги погледнете сликите од тој период. Децата изгледаат како стари мажи.

Средовековните портрети на децата обично ги имало во црквите. Средовековните концепти и за Исус биле под влијание на „хомункулус“ , што во буквална смисла значи „мал човек“. Исто така, средновековната уметност имала недостиг од природност и потпирање на експресионистички конвенции. Ваквите услови се смениле во Ренесансата, па се создала трансформација на идејата за децата – од малечки возрасни до невини суштества.

Може да се забележат низа на чудни средновековни цртежи на кои се насликани деца со изглед на возрасни мажи. Оваа појава е подетално објаснета во следното видео.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност